Најмалку 95 напади на католички цркви во САД од мај 2020 година

Најмалку 95 напади на католички цркви во САД од мај 2020 година

Според извештајот на Одборот за религиозна слобода на Епископската конференција на САД, најмалку 95 случаи на вандализам врз католички цркви е забележано со САД од мај 2020 година, објави CNA.

„Без разлика дали оние кои ги направиле овие дела биле проблематични поединци, кои викале за помош или застапници на омразата кои се обидуваат да заплашат, нападите се знаци на општество на кое му е потребно оздравување“, рече надбискупот Томас Венски од Мајами претседател на Одборот за верска слобода на Епископската конференција на Америка и надбискупот Пол Коакли од Оклахома Сити, претседател на Одборот за домашна правда и човечки развој, објавено е во изјава од јули 2020 година.

„Во инцидентите каде човечките постапки се јасни, мотивите сѐ уште не се. Додека се трудиме да го разбереме уништувањето на овие свети места симбол на несебичната љубов и посветеност, се молиме за сите кои тоа го направиле“, напишаа епископите. Најновиот инцидент кој е вклучен во Извештајот се случи на 5 септември. Вандалите ја исцртаа вратата и два знака во католичката црква во Луисвил во сојузната држава Колорадо, 30 километри северозападно од Денвер. Инцидентите се случија во 29 сојузни држави.

Извештајот изнесува и 12 инциденти во Калифорнија од мај 2020 година, вклучувајќи уништување и отстранување на статуата на свети Џуниперо Сера во октовмри 2020 година и подметнување на пожар во јули 2020 година кој уништи делови од мисионерската црква во Сан Габриел стара 249 година. Исто така се наведуваат 14 инциденти во Њујорк вклучувајќи антикатолички и антиполициски графити на надворешната страна на катедралата Свети Патрик во јануари. Во некои места, бискупиите бараа зајакнување на безбедноста по вандализмот.

Бискупијата Бруклин побара зајакнување на полициското присуство во мај, по два случаи на вандализам на црковни поседи во три дена. „Дефинитивно сме загрижени што постои образец на злосторство од омраза над католиците“, рече монс. Антони Хернандез модератор на куријата за бискупијата во изјавата по нападот. „Нашиот народ се наоѓа во вонреден час на културолошки конфликт“, напишаа надбискупите Венски и Коакли.

„Патот напред мора да биде низ сочувствување и разбирање кој го практикувале и поучвале Исус и неговата света Мајка. Следејќи го примерот на нашиот Господ на збунетоста да одговараме со разбирање, а на омразата со љубов“, порачаа епископите, објави CNА.

Ика/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести
Ознаки вандализам

За авторот