Парохијата Свети пророк Илија во Радово, со благослов на Неговото Високо Преосвештенство д-р Киро Стојанов и подршка на парохиските свештеници во Струмица (Катедрала), Струмица (Свети Иван Крстител), Нова Маала, Петралинци и Секирник – во сабота на 01 септември 2018 година во 17 часот ќе организира – Манифестација: „Секое дете заслужува да биде ученик“.
По повод 1 септември датумот кој званично се зама како почеток на Учебната година, заеднички децата и возрасните во Радово ќе дадат подршка на сите деца во Македонија и светот кои од различни причини: негрижа на родителите, абортус, војни, сиромаштија или трговија со луѓе се оневозможени да го дочекат денот да отпочнат со своето школување.
Манифестацијата ќе опфати возење на велосипед и рецитал со карактер на пренесување на желбата децата да ја имат можноста за свое школување.
Возењето на велосипед ќе биде поделено во повеќе групи: Деца од основно училиште, ередношколци, млади, родители со деца и возрасни
После предвидените попладневни активности за децата во дворот на црквата “Свети пророк Илија” во 17.00 часот предвидено е тргнувањето на учесниците со велосипеди од трите мостови кои го опкружуваат Радово, составувањето на сите групи е во центарот на Радово, потоа ќе следува заеднички круг околу селото со застанување пред капелите на “Марија од Назарет” и “Мајка Тереза”.
Се предвидува учество да земат преку 100 велосипедисти. Средбата како хуманитарна манифестација отпочна и се одржува на територијата на Општина Босилово. Покрај учесниците од парохиите кои се на територија на општина Босилово, не радува фактот дека со свои учесници се вклучуваат и парохиите од соседните општини Струмица и Василево. Во иднина пожелно е да имаме учесници од сите парохии низ Македонија.
Организаторите на манифестацијата, парохот отец Зоран И. Стојанов, капеланите отец Трајче Ташев и отец Илија Стоајнов и иницијативната група од Радово, ве покануваат да земете и директно учество на ова добронамена манифестација, која во иднина би требало да прерасне во традиционална, заземајќи сѐ повеќе христијански карактер.
к.мк