Најава: Отворање на Јубилејната врата во капелата „Света Мајка Тереза“ во НУ Спомен куќа на Мајка Тереза во Скопје.
Во сабота 25 јануари 2025 година со почеток во 16.00 часот, Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски бискуп монсињор д-р Киро Стојанов ќе ја отвори Јубилејната врата во капелата „Света Мајка Тереза“ во НУ Спомен куќа на Мајка Тереза во Скопје. На свеченоста со епископот Стојанов ќе сослужуваат свештеници од Скопска бискупија и Струмичко-скопска епархија.
Со декрет од 10 декември 2024 година, епископот Стојанов ги одреди во текот на целата јубилејна 2025 година за Скопска бискупија и Струмичко-скопска епархија следните цркви за јубилејни места: Катедрала „Пресвето Срце Исусово“ – Скопје; Катедрала „Успение на Пресвета Богородица“ – Струмица; Црква „Мајка Божја – Утешителка“ – Паљурци; Капела „Света Мајка Тереза“ во НУ Спомен куќа на Мајка Тереза – Скопје.
к.мк