Најава: На празникот Успение на Пресвета Богородица епископот Стојанов ќе служи во Струмичката катедрала

Најава: На празникот Успение на Пресвета Богородица епископот Стојанов ќе служи во Струмичката катедрала

На светата Литургија ќе биде прославен и 50 годишниот свештенички јубилеј на протојереј ставрофор отец Георги Трајков

На празникот Успение на Пресвета Богородица, 28 август 2023 година со почеток во 9.30 часот Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов ќе служи света архиерејска Литургија во Катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица во заедништво со свештеници од Струмичко – скопската епархија.

Воедно со светата Литургија ќе биде прославен 50 годишниот свештенички јубилеј на протојереј ставрофор отец Георги Трајков, поранешен катедрален парох.

Од настанот Радио Марија ќе врши директен пренос.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот