На Велики Четврток, 21 април 2022 година со почеток во 10.30 часот во Катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“ – Струмица, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх, Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов ќе служи света Василиева Литургија со Вечерна, во заедништво со свештениците од Струмичко – скопската епархија. За време на светата Литургија епископот Стојанов ќе го освети мирото, а кон крајот од службата ќе го изврши обредот предвиден за денешната литургија.