Во Катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“ – Струмица о сабота и недела, 11 и 12 ноември 2017 година ќе се одржи Духовна обнова, која ќе ја предводи фра Иво Павиќ.
Духовната обнова содржи Света Литургија, Обожавање на светата Причест, духовни предавања, можност за света Иповед и друга духовна програма.
Во сабота, 11 ноември 2017 година е предвидена програма претпладне од 10.00-13.00 часот и попладне од 15.00-19.00 часот. Во недела, 12 ноември 2017 година програмата започнува во 09.00 часот и ќе заврши во 13.00 часот.
Водителот на духовната обнова, фра Иво Павиќ е роден во Тишина крај Босански Шамац, Босна и Херцеговина во 1965 година. Во 1998 година влегува во монашката заедница на Фрањевци, а во 1997 година е ракоположен за свештеник. Докторира во Рим 2009 година на тема: Крштевање во Светиот Дух. Фра Иво Павиќ одржува духовни обнови низ цела Европа и САД.