Папата Фрањо со порака ги охрабри учесниците на утрешниот марш низ улиците на Рим; Илјадници семејства се подготвени да го повторат своето „не“ на културата на отфрлање. Масимо Гандолфини: Бараме поголема поддршка за мајките во потешкотии, за оние кои допрва треба да се родат, за старите и болните лица
Утре, сабота, 22 јуни 2024 година, низ улиците на Рим ќе поминат илјадници мајки, татковци и деца, кои ќе ја анимираат националната манифестација насловена „Да избереме живот“, најважниот јавен настан во Италија за заштита и промоција на достоинството на човечкиот живот од зачнување до природна смрт, во кој учествуваат 130 движења и асоцијации. Папата Фрањо во оваа прилика упати порака во која им се заблагодарува на оние кои го подготвија маршот и на оние кои ќе учествуваат во него, давајќи јавно сведоштво за заштита на човечкиот живот од зачнувањето до природната смрт и охрабрува смело да се оди напред и покрај сите неволјите бидејќи – како што забележа – влогот, односно апсолутното достоинство на човечкиот живот, дар од Бога Создателот, е преголем за да биде предмет на компромис или преговарање.
Сведоштва на оние кои го избраат живот
Организаторите известуваат дека во поворката ќе учествуваат семејства од цела Италија. Маршот ќе започне на Piazza della Repubblica околу 14 часот и ќе преку Via Cavour ќе стигне до Fori Imperiali, во близина на плоштадот Венеција (Piazza Venezia). Од двете бини поставени на почетокот и на крајот на маршот, семејствата, мајките и татковците кои избрале и прифатиле живот среде социјалните и економските тешкотии ќе дадат свои сведоштва, со интервенции на портпаролите на настанот Масимо Гандолфини и Марија Рејчел Руија.
Барања за манифестација
Меѓу барањата промовирани од Националниот марш за живот е „не“ за културата на отфрлање и секоја пракса, која го навредува вроденото достоинство на човечкиот живот, почнувајќи од абортус, евтаназија, потпомогнато самоубиство и манипулација или уништување на ембриони за репродуктивни цели.
Гандолфини: Секој живот има вродено достоинство
Оваа манифестација сака да биде јасен контраст на културата на смрт, како што ја нарече свети Иван Павле II, и културата на отфрлање, како што ја нарекува папата Фрањо; во исто време, сака да биде силна промоција на убавината на отвореноста за живот – изјави неврохирургот од Бреша и портпарол на настанот Масимо Гандолфини во интервју за Радио Ватикан – Vatican News. Претседателот на „Денот на семејството“ зборуваше и за вдаховението добиено од Документот на Дикастеријата за наука на верата, Dignitas infinita, кој го опиша како просветлувачки. Достоинството на животот е бескрајно и нема потреба од други одредби, бидејќи секое живо суштество, од зачнувањето до природната смрт, е носител на човечкото достоинство и како такво мора да се препознае и почитува – истакна Гандолфини.
Ватикан нуз/к.мк