Наскоро црквата ќе добие тројца нови светители

Наскоро црквата ќе добие тројца нови светители

Во петок 4 март 2022 година во Ватикан треба да бидат одобрени декретите за прогласување на еден светец и две светици на Црквата.

Како што соопштува на 22 февруари 2022 година Канцеларијата за печат на Светиот Престол во Салата за конзисториуми во Апостолската палата во Ватикан, во петок, на 4 март 2022 година, ќе се одржи јавен редовен конзисториум на кој ќе се гласа за три процеса за канонизација.

За свет треба да биде прогласен блажениот Тит Брандсма, кармелитски свештеник, маченик, потоа блажена Марија Ривиер, основателка на Друштвото на сестрите на Објавувањата на Марија и блажена Марија Исусова (световно име Каролина Сантоканале), основателката на Друштвото на сестрите капучини на Пречистата Дева Марија од Лурд. Со конзисториумот ќе претседава папата Фрањо, а на свечениот чин ќе му претходи молитвата Трети час.

Ватикан њуз/к.мк

 

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот