Нансилството треба да биде патот за мир во светот

Нансилството треба да биде патот за мир во светот

Ненасилството е пат по кој во сегашноста и иднината треба да се оди за да се изгради мир во светот– истакна Светиот Отец говорејќи на нерезидентните амбасадори на Бурунди, Фиџи, Република Маурициус, Молдавија, Шведска и Тунис акредитирани во Светиот Престол.

Папата на новите амбасадори им ја предложи својата порака за следниот Светски ден на мирот која пред неколку дена е објавена под наслов „Ненасилството: стил на политика за мир.“ Ненасилството е пример за универзалните вредности кое во Христовото Евангелие го наоѓа своето исполнување, а кое припаѓа и на другите благородни и антички духовни традиции.

Во светот како денешниот за жал обележан со воени и голем број конфликти како и со раширено насилство кое во обичниот соживот се покажува во разни облици, изборот за ненасилство како животен стил сѐ повеќе станува барање за одговорност на сите нивоа од семејното воспитание до општественото заземање сѐ до политичкото делување и меѓународните односи – рече папата Фрањо.

Станува збор за тоа дека во секоја околност да се отфрли насилството како метод за решавање на конфликт и секогаш да се решава со дијалог и преговори. Повикани се посебно оние кои во национални и меѓународни рамки вршат институционални служби во сопствената свест и во извршувањето на своите должности да го прифатат ненасилниот стил кој не е знак на слабост и пасивност, туку напротив претпоставува општествена сила, храброст и способност со интелектуално однесување да се соочиме со проблемите и конфликтите, навистина барајќи го општото добро пред и повеќе од секој идеолошки, економски политички или интерес на една од страните – рече Папата.

Папата потсети дека во минатиот век „затемнет од војните и геноцидите во огромни размери“ имало „светли примери“ кои се покажувале „дека ненасилството прифатено со уверување и доследно применувано на општествено и политичко ниво може да постигне важни резултати.

Некои народи исто така и држави благодарение на ненасилните лидери на мирољубив начин дошле до слобода и правда. Тоа е патот кој треба да се следи во сегашноста и иднината. Тоа е патот на мирот, но не оној прочуениот со зборови но фактички негиран. применувајќи стратегии на моќ поддржуван од соблазнувачките трошоци за оружје, додека многу луѓе го немаат најпотребното за живот – рече Папата.

Светиот Престол заедно со владите на вашите држави сака да го унапреди овој процес на промовирање на мирот како и другите вредности кои придонесуваат за целосен развој на човекот и општеството – заврши папата Фрањо.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот