Папата Лав XIV го именува Мирослав Ваховски за нов апостолски нунциј во Ирак и го воздигна во надбискуп. Од 2019 година, полскиот дипломат на Светиот Престол ја извршуваше службата потсекретар за односи со државите.
Надбискупот Мирослав Станислав Ваховски, досегашен потсекретар за односи со државите, е нов апостолски нунциј во Ирак. Папата Лав XIV го именува во четврток, 18 септември 2025 година, истовремено воздигнувајќи го во надбискуп, како титуларен надбискуп на Виламања во Проконсоларе,. Именувањето го објави надбискупот Пол Ричард Галагер, секретар за односи со државите, во присуство на трите секции на Државниот секретаријат.
Роден во Пиш (Полска) на 8 мај 1970 година, Ваховски бил ракоположен за свештеник на 15 јуни 1996 година и инкардиран во епархијата Елк. Завршил канонско право. Влегол во дипломатската служба на Светиот Престол на 1 јули 2004 година, служејќи во Папските претставништва во Сенегал, во Постојаната мисија при Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и Канцеларијата на Обединетите нации и специјализираните институции во Виена, во Апостолската нунцијатура во Полска, а неодамна и во Одделот за односи со државите и меѓународните организации на Државниот секретаријат.
Тој беше именуван за потсекретар за односи со државите на 24 октомври 2019 година. Зборува италијански, англиски, француски, шпански и руски јазик.
Ватикан њуз/к.мк