По повод Светскиот ден на радиото, Радио Ватикан одбележува 95 години постоење со програма на седум јазици посветена на иднината на радиото и на темата на денот: „Вештачката интелигенција е алатка, а не глас“.
На 13 февруари 2026 година, по повод Светскиот ден на радиото (WRD), Радио Ватикан – Vatican News промовира посебна иницијатива на седум јазици, со седум радио-програми кои ќе бидат објавени и како тематски подкасти, посветени на иднината на радиото, јавниот сервис, иновациите и односот меѓу медиумите, општеството и вештачката интелигенција.
Оваа иницијатива се одржува ден по 95. роденден на Радиото на Папата, 12 февруари 2026 година. Основано во 1931 година по иницијатива на папата Пиј XI и создадено од таткото на радиото, Гулиелмо Маркони, папското радио претставува едно од најстарите радио-искуства во светот, родено со мисија да го поврзе Светиот Престол со сите делови на планетата и да им се обраќа на народи, култури и јазици што се различни.
Во срцето на програмите ќе биде темата избрана за Светскиот ден на радиото 2026: „Вештачката интелигенција е алатка, а не глас“. Оваа порака претставува појдовна точка за размислување и дијалог, особено во светлина на Пораката на Светиот Отец за Светскиот ден на средствата за општествена комуникација 2026 година, која ја истакнува вредноста на човечката одговорност, расудување и автентичниот глас во комуникацијата во времето на вештачката интелигенција.
Седумте програми ќе вклучат меѓународни експерти, раководители на медиуми, научници, иноватори и професионалци од радиото и медиумскиот сектор, повикани да размислуваат за тоа како радиото, длабоко човечки медиум составен од глас, однос и блискост, може да живее во времето на вештачката интелигенција без да го изгуби својот идентитет.
Програма на англиски јазик
- Отец Фелмар Кастродес Фиел, SVD, генерален директор на Radio Veritas Asia
- Чуол Џани, главен уредник на Catholic Radio Network, Јужен Судан
Програма на француски јазик
- Баптист Детомб, автор на книгата „L’homme démantelé“
- Отец Ернест Куадио, доктор по социјална комуникација, специјалист за односот меѓу Црквата и вештачката интелигенција
- Флоран Латрив, раководител на дигитална стратегија во Radio France
Програма на германски јазик
- Грегор Шмалцрид, експерт за вештачка интелигенција, новинар и подкастер, ARD (Германија)
- Штефан Колингер, главен директор за иновации, ORF (Австрија)
- Филип Мајер, член на уредничкиот одбор, SRF (Швајцарија)
Програма на шпански јазик
- Ноел Дијас, директор на радио-мрежата ESNE (САД и Централна Америка)
- Фрај Мигел Гуљон, претседател на Латиноамериканската асоцијација за образование и народна комуникација
- Ева Фернандез, дописничка на Radio COPE Шпанија
Програма на италијански јазик
- Андреа Борњино, раководител на уреднички содржини, RaiPlay Sound
- Ивана Фачиоли, директорка на RTL 102.5 News
- Масимилијано Меникети, заменик уредник одговорен за Радио Ватикана – Vatican News
- Алесандро Ѓизоти, претседател на Групата за радио и аудио вести на Европската радиодифузна унија (EBU)
Програма на португалски јазик
- Отец Жозе Инасио де Медеираш, CSsR, поранешен генерален директор на Rádio Aparecida
- Фернандо Геронацо, советник за комуникации на Архиепископијата на Сао Пауло и на кардинал Одило Шерер
- Отец Данило Пинто дос Сантос, Архиепископија на Салвадор
- Директор на Rádio Excelsior da Bahia (Фондација Дом Авелар Брандао Вилела)
Програма на полски јазик
- Патриција Михоњска, директорка на Radio Plus (Eurozet)
- Отец Мариуш Венџук, директор на Форумот на независни католички радија
- Мирослав Каспржак, раководител на Radio Lublin
- Кшиштоф Киричук, Radio Zet
Програмите ќе ги поврзат искуствата од Европа, Африка, Латинска Америка и Азија, покажувајќи дека радиото и понатаму останува незаменлива алатка за блискост, образование, евангелизација, јавен сервис и иновации.
Деведесет и пет години по своето основање, Радиото на Папата, создадено од Маркони, уште еднаш ја потврдува својата првобитна мисија: да го обединува светот преку брановите на гласот, денес и преку подкасти и нови дигитални платформи. Во ерата на вештачката интелигенција, радиото сака да го потсети светот дека технологијата може да биде алатка, но гласот секогаш останува човечки.
Ватикан њуз/к.мк

