Како што порачуваат од стручни штаб на Бразилската фудбалска репрезентација, одлуката е донесена за да се избегнат „непотребните напнатости во екипата“.
Стручниот штаб на бразилската фудбалска репрезентација им забрани на своите играчи на претојното Светско фудбалско првенство во Русија заеднички да се молат на теренот, како и во хотелот во кој се сместени, објави бразилскиот дневен весник О Глобо, а пренесува полската Католичка инфорамтивна агенција (КАИ).
Како што пишува КАИ, одлуката е донесена за да се избегнат „непотребните напнатости во екипата“. При тоа не е прецизирано за какви напнатости станува збор, но може да се претпостави дека стручниот штаб мисли дека заедничката молитва би можела да биде неприфатлива за оние играчи, кои не се верници.
Бразилските медиуми нагласуваат дека меѓу бразилските фудбалери има многу христијани – католици и протестанти. Токму бразилските фудбалери беа тие кои својата вера во Исус често ја покажуваа со верски гестови или на маиците со соодветни натписи (да се потсетиме на фудбалерот Кака и неговиот натпис на маицата „Му припаѓам на Исус“, која ја носеше под дресот и ја покажуваше кога ќе постигнеше гол).
Светската фудбалска федерација ФИФА веќе неколку години инсистира на тоа фудбалерите на нивните натпревари да се воздржувааат од декларирање на своите верски чувства, а тоа инсистирање понекогаш доведува до апсурдни ситуации.
Една од таквите ситуации е од пред две години кога ФИФА на играчот на Барселона, Нејмар му го избриша натписот од траката, која ја носеше на неговата глава, а на која пишуваше „100% Исус“.
Во сабота Бразил игра пријателски натпревар со Австрија. Од стручнот штаб порачуваат дека не ги интересира „приватниот живот“ на фудбалерите, но нивниот настап во репрезантацијата мора да има „световен карактер“.
Битно нет/к.мк