На Tвитер Папата има повеќе од 35 милиони следбеници

На Tвитер Папата има повеќе од 35 милиони следбеници

Твитер профилот на папата Фрањо на 9 јазика @Pontifex, има повеќе од 35 милиони пријатели, а се забележува дека нивниот број брзо се зголемува во последните месец дена.

Таа кориснички профил, која ја отвори Бенедикт XVI, на 3 декември 2012 година, е меѓу најмногу следените во светот, а бележи и најмногу ретвитови. Од 19 март 2015 година, папата Фрањо е присутен и на Инстаграм, на профилот @Franciscus, кој неодамна надмина 4 милиони следбеници.

Дигиталната мрежа може да биде место богато со човечност; таа не е мрежа од жици, туку човечки битија – напиша папата Фрањо во својата пораката за Денот на средствата за социјална комуникација, неколку месеци по изборот за Папа. Тоа е обврска која Папата ја извршува лично, правејќи се сведок на Божјото милосрдие и на социјалните мрежи. И на тој начин се става на располагање за да дојде до сите луѓе, а за тоа е награден со изворедно следење на мрежата. Неговата сметка премина 35 милиони следбеници, со силен пораст во последните месец дена, посебно на англиски јазик.

Освен тоа во последните неколку недели многу ретвитови, на 30 јуни неговата твитер порака за животот: „Да се заштитува човечкиот живот, посебно кога е ранет од болеста, е обврска на љубовта која Бог ја доверува на секој човек,“ а се однесуваше на Чарли Гард и на сите деца кои се болни од тешки болести. Многу е следен и твитот за прифаќањето на мигрантите, од 8 јули 2017 година, испратен на четвртата годишнина од посетата на папата Фрањо на Лампедуса. Станува збор за твитер пораки кои ги покажуваат мислите на Папата за актуелните случувања, твитер пораки од духовна и пасторална природа кои на неговите следбеници даваат охрабрување и надеж, што е видливо од коментарите на содржината објавени на профилот @Pontifex.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот