Монсињор Томо Кнежевиќ одржа предавање за свештениците и вработените на Македонски Каритас

Монсињор Томо Кнежевиќ одржа предавање за свештениците и вработените на Македонски Каритас

Во четврток 27 јуни 2024 година, во попладневните часови во просториите на парохијата „Свети Пророк Илија“ се одржа месечна духовна обнова за свештениците од Струмичко – скопската епархија и Скопска бискупија. На духовната обнова учество зеде и епископот монсињор Киро Стоајнов. Средбата започна со молитвата Девети час, а потоа следуваше предавање, кое го одржа монсињор професор Томо Кнежевиќ, директор на Каритас Босна и Херцеговина.

Во својот наговор, на тема: „Местото на Каритас во животот на општата и месната црква“ тој се осврна за свесноста и одговорноста, како и за важноста на институционалниот Каритас во пасторалната работа и животот на Црквата. Тој истакна дека Каритас ја покажува ширината на Католичката црква со тоа што е достапен за сите, без разлика на етничката, верската и било која друга припадност. Своето предавање го заврши со зборовите: Каритас помага – помогнете му и вие!

Потоа следуваше можност за света Исповед и се молеше Света Бројаница, а заврши со благослов од епископот Стојанов. На крајот епископот Стојанов и директорот на Македонски Каритас протојереј отец д-р Зоран И. Стојанов се заблагодарија на монсињор професор Томо Кнежевиќ за исцрпното предавање и за подготвеноста за продолжување на соработката со Македонски Каритас..

Претпладнето во Центарот Мајка Тереза во Гевгелија монсињор професор Томо Кнежевиќ одржа предавање за вработените и соработницiте на Македонски Каритас на тема: „Местото и значењето на Каритас за месната црква и конкретната општествена средина. Очекуваниот придонес на верниците лаици и сите вработени“. Oтец Зоран И. Стојанов и монсињор Томо Кнежевиќ го посетија и манастирот на Сестрите Евхаристинки во Гевгелија и Радио Марија во Струмица.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот