Во молитвената накана за месец декември 2018 година папата Фрањо повикува на молитва за сите оние кои се во служба на пренесување на верата, како би го следеле Исусовиот пример.
Да го имитираме стилот на Исус, тој се прилагодувал на луѓето кои биле со него за да им ја приближи љуовта Божја – рече папата Фрањо во видео пораката со молитвената накана за месец декември, која ја објави Папската светска молитвена мрежа.
Повикувајќи на молитва за сите кои се во служба на пренесување на верата, Папата ја истакна важноста од соодветно изразување и посебно важноста на слушањето. Да молиме луѓето кои се ангажирани во пренесување на верата да пронајдат начин на изразување прилагоден на денешното време, во дијалог со културите и со срцата на луѓето, и посебно со внимателното слушање – рече Светиот Отец.
Молитвена мрежа
Да потсетиме секој месец во текот на годината е посветен за некоја накана за евангелизација, или за општа накана. Така преку својата молитвена мрежа (Апостолат на молитва), папата Фрањо повторно напоменува колку е важно да се застане пред Господ понизно, како што потсети на Генералната аудиенција минатата среда, кога во катехезата размислуваше за молитвата „Оче наш“, истакнувајќи дека Господ ја слуша понизната молитва.
Ватикан њуз/к.мк