Млади од парохијата „Свети Никола“ – Секирник на Летен камп во Охрид

Од 23-26 јули 2014 година во Пасторалниот центар Охрид се одржа Летен камп за младите од Секирник. Тема на овогодинешниот камп беше на тема „Предизвиците од секојдневието на младите и верата“ под водство на парохот о. Ѓорги Динов.

Во овие денови младите интензивно се запознаа со благодатта, која ја нуди верата во Бога и преку која можат да се победат сите искушенија во животот. Не изостанаа меѓусебните дискусии и прашања кои ги има секој млад човек. Молитвата заземаше главно место за време на кампот, бидејќи верата се продлабочува токму преку молитвата. Тие заедно молеа утринска молитва, Света Бројаница и го славеа Господ Исус Христос во Светата Литургија.

Големо беше задоволството на младите и деновите ги поминаа сведочејќи си едн на друг за љубовта Божја.

к.мк/о.Ѓ.Д.

Категорија: Македонија

За авторот