Минута за мир – Меѓурелигиска молитва во цел свет

Минута за мир – Меѓурелигиска молитва во цел свет

„Минута за мир“, е денешната иницијатива за меѓурелигиска молитва, во спомен на третата годишнина од историската средба на папата Фрањо и израелскиот претседател, тогаш Шимон Перес и палестинскиот претседател Махмуд Абас, одржана во Ватикан на 8 јуни 2014 година.

За повторно да ја упати пораката од тој ден, и повторно да го побара дарот на мирот, Меѓународниот форум на Католичката акција ги повика сите луѓе на 8 јуни 2017 година во 13.00 часот да застанат една минута, и секој според сопствената верска традиција да моли за мир кој, за жал, во разни краишта на светот сѐ уште е прекинат или е во опасност. Оваа иницијатива ја спомна и папата Фрањо во текот на Генералната аудиенција на 7 јуни 2017 година.

Меѓународниот форум на Католичката акција заедно со Светската унија на женски католички организации (UMOFC), со Италијанската католичка акција и Аргентинската католичка акција, ја поттикнаа оваа многу едноставна иницијатива – рече Мишел Триденте потпреседател на Италијанската католичка акција и ги повика сите луѓе со добра волја: христијани, евреи, муслимани, да молат за мир кој толку е потребен во нашето време и во нашиот свет. Сакаме така да потсетиме дека мирот се однесува на сите луѓе, дека за мирот мораме сите да се заземаме, правејќи го тоа таа молитва да стане и конкретно заземање за дијалог, исто така во сведочењето за навистина да бидеме работници и луѓе на мирот.

Треба да се молиме едни за други, без оглед на сопствената вера, барајќи го од Бог, кој е Бог на мирот, тој дар кој навистина и целосно само Он може да го даде, и покрај нашето заземање и нашето делување кое секако е потребно – истакна потпретседателот на Италијанската католичка акција.

РВ/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот