Месечната молитвена накана на епископот Стојанов за месец февруари 2023 година е посветена на духовните звања, а гласи:
Господ Бог на оние кои ги повика да му служат во Црквата
нека им помогне да растат во љубовта
и верно да служат на Христос
и да бидат пример за нови духовни звања.
Нека ги отвори срцата на момчиња и девојки,
повикувајќи ги да служат како свети свештеници, ѓакони, сестри,
со љубов посветувајќи го својот живот
на Бога и Божјиот народ и неговите духовни потреби.