Како хуманитарна организација на Католичката црква, Македонски Каритас константно помага на најранливата категорија на граѓани, без разлика на верска, национална или друга припадност.
И во време на оваа пандемија, Македонски Каритас продолжува со дистрибуција на хуманитарната помош за луѓето во потреба. Во моментот Македонски Каритас во соработка со Парохиските Каритаси имплементира проект за поддршка на ранлива категорија на граѓани за време на пандемијата со Ковид-19, со прехранбени и хигиенски пакети, како и проект – Информирај се и реагирај, кој се однесува на сензибилизација на луѓето од опасноста од Ковид-19.
к.мк