Илјадници млади луѓе на возраст меѓу 18 и 35 години од различни националности и религии ќе учествуваат на 41. Европска средба на млади, која ќе се одржи во Мадрид од 28 декември 2018 година до 1 јануари 2019 година. Организатор на иницијативата е екуменската заедница Тезе.
Официјалните подготовки започнаа во октомври со отворањето на Подготвителниот центар на младинската делегација од архиепископијата. Таму веќе работи мала група од Тезе, две монахињи од заедницата на Свeти Андреј и една меѓународна група млади волонтери.
Изборот на шпанската престолнина е решение на заедницата Тезе како одговор на поканата на архиепископот на Мадрид, кардинал Карлос Осоро, како и на претставниците на другите христијански цркви. Четири дена посветени на взаемно учење преку градење на доверба и солидарност меѓу народите, преку методот на молитвата, размислувањето и разните иницијативи со што ќе се придонесе за животот на христијанските заедници во градот.
За време на тие недели, екипите на младите волонтери ќе ги посетат сите парохии во Мадрид за да ги организираат подготвителните групи за прием на учесниците на крајот од годината. Младите ќе бидат прифатени од локалните семејства и ќе земат учество во парохиската програма и во монашките заедници. Пладневните молитви ќе се одржуваат во неколку цркви во историскиот центар на градот. Вечерта ќе се одржаат семинари на социјални, духовни и уметнички теми. Денот ќе завршува со молитва.
Секој може да учествува во општите молитви што ќе се одржат во Подготвениот центар, вторник и сабота од 9:30 до 13:30 часот, а секој понеделник во 20:30 часот.
Ватикан њуз/к.мк