„Лекари без граници“ повторно апелира за бегалците во Либија и нагласува дека илјадниците произволно задржани бегалци, мигранти, и баратели на азил во центрите за бегалци во Либија треба веднаш да бидат пуштени и евакуирани на сигурно надвор од земјата.
Организацијата „Лекари без граници“ извести дека заострувањето на конфликтот во Либија придонесе за дополнително влошување на условите во камповите за бегалци кои се наоѓаат на линијата на фронтот. Ибрахим Јунис шеф на либиската мисија на „Лекари без граници“ истакнува дека илјадници лица се притворени во областа каде траат борбите. „Постои реален ризик дека нападите и огновите отворени случајно ќе предизвикаат мноштво повредени“ – напоменува Јунис.
Заради конфликтот спречена достава и помош
Конфликтите во Триполи се водат во населени подрачја, а предизвикаа повеќе од 60 жртви и стотина повредени. Храната и водата не доаѓаат редовно во камповите за бегалци, а здравствената нега во нив е незадоволителна и заради небезбедноста меѓународните организации престанаа да испорачуваат. Неодамнешните борби на „Лекари без граници“ им оневозможиле пристап до центрите за бегалци во кои давале помош.
„Лекари без граници“: Да се пуштат произволно задржаните мигранти
Во соопштението на спомнатата организација се наведува дека околу 300 бегалци и мигранти се евакуирани, но не надвор од земјата, туку во друг центар за бегалци кој сега се наоѓа внатре во опасното подрачје. Ибрахим Јунис истакнува дека тоа не е решението и дека постојат средства и механизми за луѓето да се преместат во безбедни земји или да се вратат во земјата од каде дошле.
Порака до Европа: Престанете да ги враќате бегалците во Либија
„Лекари без граници“ затоа ги повикуваат европските земји и либиските власти да не ги запираат бегалците и да ги враќаат во Либија, со цел спречување за нивно пристигнување во Европа. Притоа нагласуваат дека бегалците и мигрантите во цела Либија се изложени на насилство, мачење, злоупотреба, изнудување и искористување
Ватикан њуз/к.мк