На 10 јули 2019 година децата и младите од веронаучните групи на парохијата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ – Струмица учествуваат на Летниот камп, кој се одржа во црковниот двор. Кампот го предводеа о. Гоце Костов и о. Атанас Сирачев.
Кампот започна со света Литургија во 6.30 часот наутро, а во 17.30 часот децата и младите молеа Света Бројаница во студиото на „Радио Марија“. Кампот заврши во вечерните часови со дружење и заедништво.
Програмата на кампот имаше разновидна содржина: молитва, пешачење, забавни игри, гледање филм, катехизација на тема: „Исус посебно ги сака децата“ и „Зошто треба да го читаме Светото Писмо“.
Веронаучниот камп на децата и младите веќе петта година по ред се организира во парохијата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ – Стрмица.
к.мктел