Лав XIV ја довери Украина на застапништвото на новиот блажен

Лав XIV ја довери Украина на застапништвото на новиот блажен

Лав XIV повика на молитви за истрајност во верата и надежта на украинскиот народ преку застапништвото на новиот блажен – отец Петар Павле Орос, маченик за време на комунистичкиот прогон на источните католици во Украина.

„Денес во Белки, Украина, се одржа беатификацијата на отец Петар Павле Орос од Мукачевската епархија, кој беше убиен во 1953 година од омраза кон верата. Кога Источната католичка црква беше забранета, тој остана верен на Петровиот наследник и продолжи храбро да ја врши својата служба криејќи се, свесен за ризиците.

Да молиме за застапништвото од овој нов блажен, за да може да измоли за саканиот украински народ сила за истрајност во верата и надежта, и покрај трагедијата на војната“, повика Папата на крајот од јубилејната аудиенција што се одржа на плоштадот Свети Петар во Рим, во сабота 27 септември 2025 година.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот