Лав XIV: Харизмата, управувањето и заедништвото се срцето на апостолското послание

Лав XIV: Харизмата, управувањето и заедништвото се срцето на апостолското послание

Во обраќањето до учесниците на Генералното собрание на Друштвото за апостолски живот Regnum Christi, Светиот Отец ја нагласи важноста на верноста кон харизмата, одговорното управување и заеништвото како пат за обнова на Црквата и нејзиното сведоштво во современиот свет.

На 29 јануари 2026 година, папата Лав XIV се сретна со учесниците на Генералното собрание на Друштвото за апостолски живот Regnum Christi. Во својот говор, кој се потпира на три главни теми – харизма, управување и заедништво – тој ги истакна духовните упатства неопходни за верен и плоден живот во служба на Црквата.

На почетокот, Папата нагласи дека секоја харизма е дар од Светиот Дух, даден за обнова и изградба на Божјиот народ. Осврнувајќи се на учењето на Вториот ватикански собор, тој потсети дека токму Духот ја подмладува Црквата и ја води низ разни дарови. За членовите на Regnum Christi, ова значи јасна свест за сопствениот идентитет и послание, особено во свет кој често се стреми да ги стандардизира и замагли духовните разлики.

Папата Лав XIV нагласи дека верноста на харизмата не значи стагнација, туку жива и креативна верност. Бара постојано преиспитување и воплотување во нови општествени и културни услови, без губење на контакт со изворот. Само на овој начин харизмата може да остане извор на живот што ја вдахновува сегашноста и се пренесува како живо наследство на идните генерации.

Втората главна тема на говорот беше управувањето. Папата нагласи дека тоа не е едноставна административна функција, туку вистинска црковна служба. Управувањето мора да се врши во дух на служење, расудување и одговорност, помагајќи му на секој член свесно и слободно да оди по патот на Христос. Тој охрабри на потрага по нови форми на управување способни да поттикнат емпатија, заедничко донесување одлуки и јасно чувство на припадност.

Папата посвети посебно внимание на важноста на заедништвото во рамките на целото семејство на Regnum Christi. Оваа заедница, нагласи тој, носи во себе траги од силното делување на Светиот Дух, кој ја обновува Црквата и ја прави млада во надежта. Вистинското заедништво не ги брише разликите, туку ги претвора во богатство, кога секој повик служи за изградба на единственото Тело Христово .

Како заклучок, папата Лав XIV потсети дека сите верници – без оглед на нивниот повик – го делат истото достоинство што произлегува од Крштевањето. Бог продолжува да дејствува во историјата незабележливо, но сигурно, повикувајќи луѓе од сите возрасти и класи да учествуваат во неговото дело на милосрдие и правда.

Светиот Отец ги охрабри членовите на Regnum Christi да останат отворени за Божјите изненадувања, да веруваат во Неговите патишта и да продолжат со надеж, доверувајќи го својот пат на застапништвото на Нашата Богородица, Ѕвездата Деница.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот