Сакам да го задоволам праведното љубопитство на читателот кој разбирливо би сакал поопширно да дознае, кои се сестрите Евхаристинки.
Името Евхаристинка пред сѐ ја претставува идејата за една душа обожавателка, чија главна цел е обожувањето на таинствениот Исус. Сестрата Евхаристинка иако ја обожава Евхаристијата тоа не е нејзината главна цел; затоа што таа не го прави само тоа што го правела Марија, сестрата на Лазар, туку го прави и она што го правела другата сестра на Лазар.
Двете сестри го сакале Исус, едната обожавајќи Го, а другата служејќи Му. Сестрата Евхаристинка треба да ги искомбинира Марија и Марта, сакајќи го својот Евхаристиски младоженец, не само преку обожавањето, туку уште и служејќи ѝ на неговата Личност преку својот ближен во кого Го гледа својот Евхаристиски младоженец – Исус.
Сестрите Евхаристинки станале живи дарохранителки на Исус – Евхаристија; го сакаат, го обожаваат и му служат на својот Божествен младоженец во своето сопствено срце и им Го носат на сите оние кои сѐ уште не Го познаваат за да можат и тие да го сакаат, да го обожаваат и да Му служат. Тоа тие го извршуваат со духовната милост – кога ги подучуваат и воспитуваат децата и нивните мајки.
текстот е извадок од книгата Животот на Еврозија Алоати сестра Марија Христина Исусова од Отец Јосиф Алоати свештеник од мисијата на отците Лазаристи/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк