Кога e Божиќ?

Кога e Божиќ?

Божиќ почнува кога навистина ќе го почувствуваш другиот како свој ближен и кога ќе престанеш да ги занемаруваш неговите потреби сфаќајки дека директно Бог преку нив ти зборува.

Божиќ почнува кога ќе престанеш да бегаш од ситуациите каде што е потребна твојата соработка и помош и ќе застанеш и ќе ја подадеш твојата рака. Божиќ почнува кога ќе сфатиш дека дошло времето да им простиш на сите кои те повредиле, без обѕир на продолжувањето на приказните и ќе дозволиш Бог и понатаму да го води твојот пат.

Божиќ почнува кога ќе сфатиш дека дошло времето да престанеш да трчаш по лажните идеали, кон луѓето кои само те оставаат празен земајќи го твојот мир од душата, кога ќе ги напуштиш разговорите во кои секогаш на тапет се слабостите на другите луѓе. Божиќ почнува кога ќе престанеш да се преправаш во нешто што не си, кога ќе го спуштиш тронот на лажната големина, кога ќе ги тргнеш од лицето сите маски кои си ги ставил и кога најпосле луѓето ќе можат да го слушнат твојот глас.

Божиќ почнува кога ќе сфатиш дека си дете Божјо без оглед на титулите кои ги собираш околу своето име и кога ќе сфатиш дека најголемата работа е кога некој ќе те нарече човек без оглед на твојата професија или функција. Божиќ почнува кога ќе сфатиш дека не е важно што во животот си направил, колку трофеи и медали имаш околу себе, колку им се восхитуваш на своите резултати за кои другите веќе те фалат, туку важно е и едниствено важно е колку љубов во сето тоа си вложил.

Божиќ почнува кога ќе сфатиш дека никогаш не е доцна да започнеш одново во животот без разлика колку пати да си ги прокоцкал шансите, кога покрај сите потешкотии и проблеми ќе продолжиш понатаму и нема да прашуваш уште колку пречки на твојот пат ќе наидеш, затоа што сфаќаш дека со тебе е Бог и го носи твоето бреме. Божиќ почнува кога ќе го отвориш своето срце кон Бог и ќе му кажеш дека срцето е спремно и има место за Него. Сеедно, кога и да би било – тогаш почнува Божиќ.

Марио Жувела/Лаудато

 

Категорија: Вера, Духовност
Ознаки Божиќ

За авторот