Кардиналот Паролин служеше света Литургија во Киншаса: Мирот нека се врати во Демократска Република Конго
Државниот секретар кардиналот Пиетро Паролин на 3 јули служеше света Литургија во Киншаса главниот град на Демократска Република Конго и ги повика Конгоанците на надминување на поделбите и да работат на мирот.
Алчноста за суровини и жедта за пари и моќ ја затвораат вратата на мирот и претставуваат напад на правото на луѓето на живот и спокој. Мир на овој дом! Мир на конгоанската земја: нека повторно стане дом на братството! Ова се зборовите на Папскиот државен секретар кардиналот Пиетро Паролин на светата Литургија пред Парламентарниот дом во Киншаси.
Учествуваа околу 100.000 верници од ДР Конго на литургиското славење кое се одржа истиот ден како и светата Литургија која папата Фрањо ја служеше со конгоанската заедница во Рим во ватиканската базилика.
Кардиналот Паролин ја изрази близината на Папата до народот на ДР Конго со оглед на тоа што Светиот Отец беше принуден да го одложи своето апостолско патување заради лекување на силните болки во коленото.
Кардиналот хомилијата ја започна со зборовите „мир, братство и радост“ на француски јазик. Тоа е надеж и соништа кои настојуваме да ги прифатиме, рече, но кои за жал тешко ги доживеваме во овие времиња на нестабилност и конфликт. Тие се ветувања за Царството Божјо во потрага по исполнување на ветувањата за кои одвнатре копнееме.
Напомена дека луѓето во ДР Конго се соочуваат со тешки проблеми како што се невработеност, загадување и жестоко насилство на истокот на земјата и ги повика Конгоанците да не се предаваат на резигнација и обесхрабрување.
Искушението денес е да се предадеш пред реалноста, да се затвориш во фаталистичка резигнација и можеби и несвесно да побегнеш од своите одговорности, запаѓајќи во еден вид на виктимизација оставајќи го товарот на другите во преземањето на напорот за обнова, кажа државниот секретар. Напротив, истакна тој – Бог на дело ни помага да ги оставиме настрана осаменоста, тагата и разочараноста.
Бог нѐ повикува да гледаме во иднината заедно и обединето, надминувајќи го секој дух на пристрасност, секоја етничка поделба“, рече. Кардиналот Паролин потсети дека Бог може да ни помогне да се соочиме со секое искушение затоа што Он не е далеку, туку оди со нас. Неговите чекори не се бучни, туку отвораат патеки. Секој ден кој поминува не преставува уште едно разочарување, туку приближување до Неговото ветување за мир.
Мир, повтори кардиналот, насочувајќи ги мислите кон источниот дел на ДР Конго. Во тие подрачја мирот постојано е загрозен од вооружени групи и искористувања и предаторски интереси, земја која веќе долго е жртва, рече кардиналот Паролин. Алчноста за суровини и жедта за пари и моќ ја затвораат вратата на мирот и претставуваат напад на правото на луѓето на живот и мир, истакна државниот секретар на Светиот Престол.
Наместо тоа, Исус продолжува да нѐ испраќа нас, своите ученици, да ги повторуваме истите зборови: Мир на овој дом! Мир на конгоанската земја: нека повторно стане дом на братството! Ги повика потоа христијаните кои сочинуваат мнозинство од населението нека работат со своите водачи за мирот во таа голема земја која е благословена со убавината на созданието, но пред се со богатството на луѓето кои ја населуваат, нагласи кардиналот Паролин.
Проповедта државниот секретар ја заврши со израз на близина на Папата која самиот Свети Отец ја искажа во видео порака објавена во саботата, а која беше прикажана на голем екран пред светата Литургија. Не бидете обесхрабрени, иако очекувањато за добро ви изгледаат како мртво слово, рече кардинал Паролин. Нашите имиња веќе се напишани на небесата затоа што ние сме деца на воскресението и сведоци на надежта, охрабри кардиналот Паролин.
Ватикан њуз/к.мк