Кардиналите го посетија гробот на папата Фрањо и молеа Вечерна

Кардиналите го посетија гробот на папата Фрањо и молеа Вечерна

Членовите на Кардиналскиот колегиум го посетија гробот на папата Фрањо во Папската базилика Света Марија Велика, а потоа заедно молеа Втора Вечерна.

Во доцните попладневни часови, во недела 27 април 2025 година, Втората недела од Велигден и недела на Божјото милосрдие, членовите на Кардиналскиот колегиум ја посетија Папската базилика Света Марија Велика за да се помолат на гробот папата Фрањо, кој е отворен за јавноста од 7:00 часот наутро.

Потоа молеа Вечерна молитва, предводена од архипрезвитерот на базиликата, литванскиот кардинал Роланда Макрикас.

На нивната молитва им се приклучија групи верници, додека други продолжија да пристигнуваат за време на молитвата за да му оддадат почит на папата Фрањо. Околу дваесет илјади луѓе веќе го посетиле гробот од раните утрински часови.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот