Кардинал Паролин: Треба да се отстранат причините на тероризмот

Кардинал Паролин: Треба да се отстранат причините на тероризмот

Треба сериозно да се работи за искоренување на причините на тероризмот – рече кардинал Пиетро Паролин, коментирајќи ги неодамнешните настани во Берлин и Анкара.

Кардиналот говореше по повод отворањето на новата структура на Италијанскиот центар за солидарност, наменета за прифаќање на жените кои се жртви на насилство.

Многу сме тажни заради тоа што се случи. Светиот Престол повторно го осудува насилството кое ги убива невините луѓе, а кои во оваа атмосфера на славење и божиќна радост изгледа уште посурово. Секогаш важи предупредувањето дека со сите законски средства мораме да се бориме против тероризмот и истовремено сите мораме сериозно да работиме за да се отстранат причините кои ја започнале таа појава – истакна кардинал Паролин.

На прашањето како убиството на рускиот амбасадор ќе се одрази на Блискиот Исток рече дека ситуацијата на Блискиот Исток е многу загрижувачка. Треба вистински да се работи за да се создаде атмосфера на мир во спротивно ќе имаме вакви последици. Жал ни е, многу сме тажни и заради тој настан затоа што не придонесува за создавање на атмосфера на подобро разбирање и соработка во поглед на преговорите во Сирија. Важно е сите да настојуваме, секој според своите можности, да се создадат услови за мирољубив соживот и соработка – рече кардиналот.

Осврнувајќи се на говорот на Папата до Римската курија кардиналот истакна дека Папата сите ги повика на преобраќање, дека упорно говореше за преобраќање. Структурните реформи не користат, ако не се случи промена во срцето. Сметам дека неговата порака треба да се прифати пред ситуациите во Црквата кои понекогаш можат да збунуваат. Пораката е упатена на нас кои живееме и кои сме дел од реалноста за да го прифатиме повикот на преобраќање, да овозможиме промена во срцето. Тоа секогаш е Исусовата порака – заврши кардинал Паролин.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот