Кардинал Паролин: Мислам дека ќе има дополнителни размени на затвореници

Кардинал Паролин: Мислам дека ќе има дополнителни размени на затвореници

Во разговор со новинарите на маргините на настанот што се одржа во италијанската амбасада при Светиот Престол, државниот секретар на Светиот Престол одговараше и на прашања поврзани со посредувањето на Ватикан за размената на заробеници меѓу Украина и Русија.

„Понекогаш изгледа дека дипломатската работа носи мали резултати, но не смееме да подлегнеме на заморot или на искушението да се откажеме“, нагласи кардиналот Пјетро Паролин, државен секретар на Светиот Престол, на 2 јули 2024 година во говорот во Амбасадата на Италија во Светиот Престол, по повод врачување на книжевната награда на амбасадорите во Светиот Престол. Оваа година наградата му припадна на новинарот на италијанската јавна радиодифузна компанија РАИ, Пјеро Дамосо, за книгата „Може ли Црквата да ја запре војната? Истражување, шеесет години по енцикликата Pacem in Terris“.

Енцикликата Pacem in Terris е завет

Кардиналот Паролин потсети на генезата и историскиот контекст во кој созреваше енцикликата на Иван XXIII, која „се развиваüe врз основа на многу други изјави“. Тој нагласи дека универзалниот мир е добро што важи за сите без исклучок. Потсети и на едно радио обраќање од 13 април 1963 година, во кое тогашниот Pапа на Велика Сабота зборуваше за потребата од мир со Бога, со сите народи и во семејствата. Оваа енциклика, според државниот секретар, е „завет“. Тој истакна дека „проникливите зборови на Ронкали се наследство што мора да се зачува и умножи, секој да ја преземе својата одговорност“. Шефот на ватиканската дипломатија повика на истрајност наспроти актуелните конфликтни сценарија во различни делови на планетата, на дипломатски дејствија, со убедување дека тие ќе вродат со плод и повика на кохезија, синергија и соработка за да бидат вистински занаетчии на мирот. како што повикува папата Фрањо. Тој ја пофали книгата, која беше прмовирана на 1 јули и за која рече дека има цел „повторно да го извади на површина длабокиот копнеж за мир“.

Концептот за „праведна војна“

Пред почетокот на настанот, кардиналот Паролин се задржа неколку минути во разговор со новинарите и, одговарајќи на прашања за војните во Украина и на Блискиот Исток, нагласи дека војната никогаш не е праведна. Во светлината на документот објавен од Комисијата за правда и мир на Светата Земја, во кој се оспорува злоупотребата на терминот „праведна војна“ во контекст на она што се случува во Газа, тој рече: „Знаеме дека денес има многу дискусии за концептот за праведна војна, дека правичната војна е одбранбена војна. Но, со оружјето со кое располагаме денес станува многу тешко да се примени овој концепт, мислам дека сè уште нема конечен став, но овој концепт се разгледува“.

Украина: Можна е понатамошна размена на затвореници

Одговарајќи на новинарски прашања за предлогот на унгарскиот премиер за итен прекин на огнот како начин за почеток на мировните преговори, изразени за време на посетата на Киев, државниот секретар на Светиот Престол истакна дека Украинците ги отфрлаат таквите предлози. Тој објасни дека за украинската влада, во отсуство на гаранции, ова може да се сфати само како пауза за Русија, со цел да започне одново на уште погруб, поостар начин. „Навистина се надеваме“, додаде кардиналот Паролин, „дека е можно примирје, а потоа и преговори“.

Во светлината на размената на затвореници, во која успешно посредува Светиот Престол, државниот секретар смета дека на хоризонтот може да се појават други ослободувања „бидејќи тоа е механизам што функционира и е различен од оној за децата“. Во овој случај, рече тој, има различни реалности: „Во суштина се работи за размена на списоци што се даваат на двете страни, така што претпоставувам дека таа активност донекаде ќе продолжи и мислам дека е многу позитивно и може да создаде услови, кои исто така ќе придонесат за мир и можни преговори“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот