Загриженоста на Светиот Престол кардиналот Пиетро Паролин ја изрази на амбасадорите на САД и Израел.
Државниот секретар на Светиот Престол кардиналот Пиетро Паролин на 30 јуни се сретна со амбасадорите на Израел и САД за да ја изрази загриженоста на Светиот Престол околу можни еднострани потези кои би ги отежнале настојувањата околу постигнувањето на мир помеѓу Израелците и Палестиннците и воопшто чуствителната ситуација на Блискиот Исток, извести Канцеларија за печат на Светиот Престол.
„Доследно изјавите од 20 ноември 2019 и 20 мај 2020 година Светиот Престол ги потврдува дека Државата Израел и државата Палестина имаат право на постоење и живеење во мир и безбедност внатре во меѓународно признатите граници.“ Кардиналот Паролин ги повика двете страни да „направат сè што е можно за повторно отворање на директни преговори засновани на соодветните резолуции на ООН, а потпомогнати од мерките со кои може повторно да се воспостави меѓусебна доверба за да имаат храброст да кажат да на средбата, а не на конфликтот; да на дијалогот, а не на насилството; да на преговорите, а не на непријателството; да на почитување на договорите, а не на провокациите; да на искреноста, а не на дволичноста“, како што на 8 јуни 2014 рече папата Фрањо.
Генералниот секретар на извршниот одбор на Палестинската ослободителна организација, Саеб Ерекат на 20 мај телефонски го извести секретарот на Светиот Престол за односи со државите надбискупот Пол Ричард Галагер за најновиот развој на ситуацијата на палестинското подрачје, на кое Израел има намера да спроведе еднострана анексија што уште повеќе би го загрозил мировниот процес. И во таа прилика Светиот Престол изјави дека почитувањето на меѓународното право и важните резолуции на ООН се неопходен елемент за двата народа да можат да живеат
Ватикан њуз/к.мк