Кардинал Бањаско: Црквата не е стручњак за геополитика

Кардинал Бањаско: Црквата не е стручњак за геополитика

На прес конференцијата на завршетокот на пленарната сесија на CCEE во Познан на 15 септември, кардиналот Анџело Бањаско истакна: „Имаме задача да ја држиме будна нашата свест и свеста на луѓето, државата, народот, државата, знаејќи дека таа е нашата задача, дури и ако нас нѐ не слушаат.“

Црквата не е „стручњак за геополитика.“ Нејзината задача во Европа е да ја „одржува будна свеста на луѓето“, истакна кардиналот Анџело Бањаско, надбискуп на Џенова и претседател на Советот на европските епископски конференции (CCEE) на конференцијата за новинари во Познан, на затворањето на пленарната сесија на европските епископи во сабота на 15 септември 2018 година.

„На нашата сесија епископите во повеќе наврати го изнесоа ова мислење: Црквата која живее во светот, но не е од светот, не е стручњак за геополитика. Затоа во соочувањето со толку сложени проблеми на кои укажавме и за кои може многу да се зборува, епископите постапуваат како пастири, а задачата на нашите пастири е да го навестуваат пред сѐ Исус Христос кој е полнотата на вистината, изворот на вистинскиот хуманизам. Задачата на Црквата е – рече Бањаско – да негува свест, да сорботува со земските реалности како што нѐ потсетува Вториот ватикански собир, во сите облици, општествени, државни, политички и на полето на здружувањето и да има критичка свест, односно пророштво. Имаме задача да ја држиме будна нашата свест и свеста на луѓето, државата, народот, знаејќи дека тоа е нашата задача, дури и ако нас нѐ не слушаат. Но, тоа не е најважното и најпресудното, најважното и најпресудното е верноста на Исус Христос и Евангелието.“

Бањаско зборуваше за „интезивните денови на работа, братство и размена на искуства.“

Ика/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот