Со новонастаната ситуација, кога нема свети Литургии со народ, нормално е да се постави прашањето: Како може да се дојде до причест. Традицијата на Црквата познава и духовна причест, која може да ни помогне да се соединиме со Христос, во моменти на криза и кога сме спречени да присуствуваме на света Литругија од било какви оправдани причини, како што се зарази, природни катастрофии, војни и слично.
Пред сè потребно е цврсто да веруваме дека Исус е присутен во светата Причест, да веруваме во евахристискиот Исус, и да се љуби Исус над сè, со сето срце да се копнее за Него. Тој копнеж духовно нè соединува со Него.
Духовната причест може да се прими следејќи света Литургија преку директен пренос на еден од медиумите. За време на Литургијата се однесуваме како да сме во Црква, активно учествувајќи во неа, со тоа што одговараме, се крстиме… Во моментот кога би требало да се пристапи на света Причест се моли следната молитва за да се причестиме духовно.
Молитва пред духовната причест
Исусе мој, верувам дека Ти си присутен во Пресветата олтарска Тајна, се надевам на Тебе, Tе љубам надеж над сè. Поради оваа љубов се кајам од сè срце за сите гревови и ветувам дека ќе се чувам од секој грев. Мојата душа копнее за Тебе, но јас сега не можам да те примам во Пресветата олтарска Тајна, дојди барем на духовен начин во моето срце (Замисли дека вистински си го примил Исус). Исусе мој, Ти се поклонувам како да си во моето срце вистински присутен со своето Пресвето Тело и Крв и се соединувам со Тебе. Не давај никогаш да се разделам од Тебе. Твојот свет благослов слезе врз мене и остана засекогаш со мене. Амин.
к.мк/го*ко