За многу посетители на Рим обичај е да фрлат паричка преку рамото во „Фонтана ди треви.“ Тоа се прави за да се „загарантира враќањето во Вечниот град.“ Исто така традиција е тие пари повремено да се вадат од фонтаната и да се предадат на локалниот Каритас. Така ќе биде и понатаму. На крајот на годината градската управа и Римскиот викаријат го продолжија соодветниот договор за наредните две години.
Според договорот парите собрани во фонтаната ќе се користат во социјални и културни цели. Конкретно се спомнуваат подрачјата на прифаќање на лица во потреба, инклузија на здравствената грижа за посебно загрозените лица во Рим, пишува порталот Roma today. Според проценките од познатата фонтана секој година се „ловат“ помеѓу 1 и 1,5 милиони евра.
На почетокот парите останувале во градот Рим, а кованиците денес одат во Каритас благодарение на одлуката на поранешниот римски градоначалник Франческо Рутели во 2001 година. (…)
„Фонтана ди Треви“ е ремек дело на уметноста и архитектурата
„Фонтана ди Треви“ висока околу 26 метри широка 50 метри е најголемата фонтана во Рим и една од најпосетените атракции во Вечниот град. Величествениот комплекс е граден од 1732 до 1762 според проект кој го изработил Никола Салви во доцен барок стил. Свечено во 1735 година ја отвора папата Клемент XII. Од јуни 2014 до ноември 2015 година со помош на спонзори од модната индустрија извршена е опсежна реставрација на фонтаната која е изработен од туфа и мермер.
Ватикан њуз/к.мк