Исус е присутен во многу наши браќа и сестри кои страдаат

Исус е присутен во многу наши браќа и сестри кои страдаат

Исус е присутен во многу наши браќа и сестри кои страдаат како што и Тој страдаше – напиша папата Фрањо во својата порака која ја објави на Твитер на 4 септември 2017 година.

Светиот Отец со таа порака на своите следбеници на Твитер им го упати она што го кажа на 9 април ова година за време на проповедта на Цветници. Во таа прилика истакна дека Исус јасно на своите ученици им кажал: Ако некој сака да врви по Мене, нека се откаже од Себе, нека го земе својот крст и нека оди по Мене. На присутните им објасни дека Господ никогаш не ветувал чест и успеси, туку секогаш ги предупредувал своите пријатели дека тој е неговиот пат и дека конечната победа ќе се оствари преку маката и крстот.

Тоа истото важи и за нас – рече потоа Папата – Да се молиме за милоста Исус да го наследуваме верно, не со зборови, туку со дела. Да се молиме исто така и за трпение при носењето на својот крст: да не го одбиваме, да не го одбиваме туку, гледајќи го Исуса, да го прифатиме и носиме од ден на ден – рече папата Фрањо и продолжи:

И овој Исус кој прифаќа (при влегувањето во Ерусалим) да се слави, добро знае дека после тоа ќе следуваат повиците: „Распни го!“ Тој не бара од нас да го гледаме само на сликите или фотографиите или во видео-записите кои кружат по интернет. Не, Тој е присутен во многу наши браќа и сестри кои денес страдаат како што и Тој страдаше: страдаат заради ропска работа, семејни драми, болести… Страдаат заради војни и тероризам… Измамени мажи и жени, повредени во своето достоинство, отфрлени… Исус е во нив, во секој поединечно од нив, и со изобличено лице и скршен глас бара да го погледнеме во очи, да Го признаеме, да Го љубиме – рече тогаш Светиот Отец.

Тој не е некој друг Исус, туку истиот Оној Кој влезе во Ерусалим со мавтањето на палмови и маслинови гранчиња. Тој е Оној истиот Исус Кој е прикован на крстот и умре помеѓу двајца разбојници. Ние немаме друг Господ подолу од Него: Исус, понизниот Цар на правдата, милосрдието и мирот – рече тогаш на крајот од својата проповед папата Фрањо.

РВ/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот