Двоен чизбургер, свежо јаболко и шише вода – е содржината на илјадници оброци кои од 16 јануари 2017 година ќе се поделат на голем број бездомници кои живеат околу базиликата Свети Петар и Улицата на Помирувањето во Рим.
Инцијативата настанала со договорот на непрофитно здружение Солидарна медицина и блискиот ресторан Мекдоналдс, во соработка со Апостолската милостилница. Додаваме дека спомнатото здружение со серија други вложувања, веќе долго време води амбуланта за сиромашни, сместена во колонадата на плоштадот Свети Петар.
Идејата за овој потфат се роди во критичниот момент заради екстремно ниските температури, но и заради сѐ поголемото сиромаштво и така има сѐ повеќе луѓе кои живеат на улица и на кои делумно им даваме услуги во нашите улични амбуланти – рече за Радио Ватикан Луција Ерколи санитарен шеф на здружението Солидарна медицина. Бидејќи отворањето на ресторанот на Мекдоналдс во близина на Свети Петар поттикна полемики помисливме: наместо полемика да се обидеме да воспоставиме мрежа помеѓу оние кои имаат можности и оние кои трпат за еден дел од тие добра да дојде во рацете на оние кои немаат ништо – рече Ерколи и додаде – Желбата беше да се обидеме да разбереме дали може наместо причини за конфликт тоа да биде можност за отворање за великодушност.
Тој потфат меѓу останатото сака да ги потсети сите кои се наоѓаат во близина на Папата дека имаат голема пригода да мислат на средствата не само како на приватно добро, туку како нешто што Бог ни го става на располагање за да го споделиме со браќата кои трпат на работ на општеството и во беда – рече Луција Ерколи и истакна дека во распределбата на оброците ќе помагаат волонтери меѓу кои и студенти. Иницијативата започнува во понеделник 16 јануари 2017 година.
Тоа е почеток на дијалогот ќе видиме што ќе се случи во иднина – рече Ерколи истакнувајќи дека таа е само мала капка во океанот на работите кои ги остваруваат голем број други здруженија и многу поединци. Многу луѓе во Црквата кои се вљубени во Исус и кои се ставаат во служба на сиромашните е нешто што ни помага да растеме и секој ден нѐ поттикнува да бидеме сѐ подобри – истакна на крајот санитарниот шеф на здружението Солидарна медицина.
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк