Зошто мораме да се совладуваме?

Зошто мораме да се совладуваме?

Имаме повеќе причини отколку денови во годината кои нѐ поттикнуваат на совладување.

  1. Пред сѐ мораме да имаме на ум дека сме во состојба на грев

Tоа е состојба на неред и влошување на состојбата. Тоа многу добро го чувствуваме. Целата наша природа како чворесто стебло, пробиено и испреплетено со мали, опасни и често нечисти склоности и нагони кои ни го отежнуваат правењето добро, нѐ гонат кон злото и нѐ подготвуваат на грев. Полни сме со себичност, горделивост, завист, нестрпливост, мрзеливост и непостојаност. И највоспитаниот човек, за жал, може да стане неблагороден и прост, ако не се совладува. Па, и само еден ден ги пуштиме слободни рацете на нашите страсти, би нѐ навеле на зло дела. Опасни ѕверови држиме во цврсти, заклучени кафези, а не им веруваме ниту на скротените. И во човекот живее некој ѕвер. Нема таков страв и простота која човекот не би можел да ја направи, ако им попушти на нескротените страсти. Во вакви случаи ни помага единствено милоста Божја и силата на совладување на самиот себе.

  1. Луѓе сме и на овој свет живееме помеѓу луѓе.

Светот не е баш пекол, но не е ниту рај. Животот не е забавно патување, туку сериозна борба и работа, а работата изморува; животот е воена служба од која неможе никој да побегне; животот е борба, борба на живот и смрт. Во животот се испреплетуваат болката и радоста, среќата и несреќата; едно нѐ подигнува до бесвест, а друго нѐ убива со малодушност и очај. Во животот живееме со многу луѓе поврзни со цела мрежа на разновидни друштва, сталежи, повици и положби, а секој повик и секоја положба бара разновидни жртви. Кој ќе го исполни сето тоа, без самоодрекување и совладување на самиот себе без голема трпеливост? Со секој треба да се биде трпелив, со себе, со ближните и со самиот драг Бог. А трпеливост нема без самоодрекување и совладување на самите себе.

  1. Ние сме христијани. Сѐ во христијанството се обврзува на самоодрекување.

пасителот, основачот на нашата вера, ни проповеда умртвување со својата наука и пример. Од колевка до гробот, Исус Христос се одрекува. Самоодрекувањето го одредил како ненадоместлив услов за да му бидеме следбеници и ученици; тоа му е знакот и белег на вистинската вера. Христијанската вера е крст за горделивост на нашето знаење и ризница за сите поттикнувања за самосовладување. Колку заповеди имаме, толку имаме и прилики и поттикнувања на совладување. Па и самите свети Tајни по своето значење се знаци на совладувања и овозможуваат со своите милости самоодрекување. Според сфаќањето на свети Павле целиот христијански живот не е ништо друго освен умирање и закопување на самиот себе (Рим 6, 4). Без вистинското самоодрекување кое ни овозможува да ги избегнуваме тешките гревови, да ги победуваме сите искушенија и да се држиме до заповедите, целото наше христијанство би било празно и ништовно. Од сега во небото се оди низ тесен пат и низ тесната врата на самоодрекување (Матеј 7, 14). Ако некој би го отфрлил самоодрекувањето, би бил полн со духот кој што е непријател на сѐ што е Божјo; би го негирал христијанството и христијанскиот поглед на светот.

  1. Понатаму, ние мораме да бидеме крепосни (доблесни), затоа што единствено со крепостите ја постигнуваме својата цел.

Чекорите до целта се добрите дела. За да можеме добро да правиме, ни треба сила, а силата ни ја дава крепоста. Крепостите не се ништо друго освен постојани сили и способности за добро делување. На сите ни се потребни крепостите, а сите крепости повеќе или помалку се тешки. Во такви моменти, на помош ни стои самоодрекувањето и самосовладувањето. Слушнавме за самоодрекувањето дека не е поединечна крепост, туку ни помага за сите крепости. Крепоста сама по себе е убава, пожелна и превлечна. Она што кај неа нѐ плаши и нѐ оттргнува е тешкиот напор, што го вложуваме за да дојдеме до неа и за да ја вршиме. Самоодрекувањето ги отстранува потешкотиите; кој така се научил да се совладува го има клучот за секоја крепост. Во тоа лежи она големо значење на самоодрекувањето за христијанскиот живот.

  1. Истото важи и за заслугите без кои нема влез во небото

Најсигурно се заслужуваат со самоодрекување, затоа што тоа работи против нашата природна склоност, па така овде нема измами. Но, самоодрекувањето носи и најголеми заслуги, затоа што е најтешко и може да произведе највозвишена крепост. Кога еднаш ќе се приближи вечноста и кога би морала да падне пресудата за заслугите за нашата работа, како нашата душа ќе се огледува за секоја жртва и за секое па и за најмалото самоодрекување! А колку тие заслужни дела, мали или големи, можеме секојдневно да ги извршуваме со некое мало внимание!

  1. Ако е тоа така, тогаш нема сомнеж дека најдобриот духовен учител е оној кој нѐ поттикнува на самоодрекување

Најдобра е онаа духовна книга која нѐ упатува на мудроста на самоодкреувањето. Тома Кемпенац рекол дека напредуваш онолку колку се совладуваш. Нема двоумење дека вистинската и не лажлива духовност се состои во чистењето на срцето од гревовите, во крепосните чинови и во искоренувањето на неуредните страсти. Сето тоа може да се постигне со самоодрекување и тоа единствено со него. Самоодрекувањето е камен за вкус на вистинската аскеза.

  1. Најпосле ние сакаме и мораме да бидеме современи луѓе

Ако таа желба правилно ја сфатиме, значи мораме да живееме во времето во кое што сме и да ги присвоите неговите добри ставови и копнежи, и во себе да ги усовршуваме. Против тоа Бог нема ништо; напротив, таквите идеали и побуди служат во одредено време да се води човештвото до целта која му е поставена. Денес многу се зборува за образованието, културата, напредокот, за сеопштата цивилизација, целата наука, уметноста и економијата ништо не ни користат, ако во целата слава на светот, кој што ја подигнал човекот, тој остане необразуван како незнајко, како просјак и беден роб на најнечесните страсти. Пророкот Исаија рече: „Земјата е полна со сребро и злато и добра кои немаат крај“, а во средината стои понижен човек (Ис 2, 7). Во што друго се состои обучувањето на карактерот и индивидуалноста, ако не во обучувањето, едукацијата и зајакнувањето на волјата за она што вреди, она што е добро и благородно? А како се спроведува тоа? Никако поразлично освен со самоодрекувањето. Цврстината на волјата се искушува во самоодрекувањето; низ тоа училиште мора волјата да помине, ако сака да биде оружје за добри дела.

  1. Ако на човекот му е мило да ја помине оваа обука, постигнува чест и слава во која Бог во почетокот ја создал. Секој чин на самоодрекување и совладување на самиот себе нѐ приближува кон божанскиот вистински пример. Тогаш врз нас се исполнува Божјата накана и станува слика Божја, светиште на совршености, мудрости, ред, убавини, слобода и вистинска вера. Но, сето тоа се стекнува единствено со целосно христијанско самоодрекување.

Битно.нет/к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот