За прв пат на претстојната конклава, бројот на избирачи ќе ја надмине границата од 120

За прв пат на претстојната конклава, бројот на избирачи ќе ја надмине границата од 120

Конклавата, која ќе започне на 7 мај 2025 година, за прв пат ќе ја надмине историската граница од 120 избирачи, што ја постави папата Павле VI во 1975 година.

Според официјалните податоци, на конклавата ќе учествуваат 133 кардинали-избирачи, иако класичното ограничување на нивниот број беше поставено во Апостолската конституција Romano Pontifici Eligendo од Павле VI – 120 лица. Оваа ситуација се појавува за прв пат во поновата историја на Црквата.

Историското ограничување ќе биде надминато за прв пат токму на самата конклава.

Уште пред Павле VI да го издаде документот во 1975 година со кој се дефинира ограничувањето, на конзисториумот од 28 април 1969 година во Кардиналскиот колегиум веќе имало 134 избирачи, но овој Папа бил првиот што поставил официјална горна граница за нивниот број.

Папата Иван Павле II, кој го потврди ова ограничување во Апостолската конституција Universi Dominici Gregis од 1996 година, повеќепати отстапуваше од неа. Така, во 2001 година бројот на кардинали-избирачи достигна 136, а во 2003 година – 134. За време на неговиот понтификат, Колегиумот понекогаш значително го надминуваше поставениот праг, иако до времето на самата конклава бројот обично се усогласуваше. Секојпат кога границата беше надмината, тоа беше свесен чекор како одговор на потребите на времето.

Надминувањето на ограничувањето отсекогаш имало свои причини.

Папата Бенедикт XVI, исто така, двапати ја надмина границата: во 2012 година бројот на избирачи достигна 125. Истиот тренд продолжи и за време на понтификатот на папата Фрањо, кој го надмина ограничувањето од 120 во сите десет конзистории на неговиот понтификат, зголемувајќи го бројот дури на 140.

Ова е прв пат ограничувањето од 120 кардинали-избирачи да биде надминато директно на конклавата, а не по објавувањето на конзисториумот. Иако двајца кардинали нема да можат да учествуваат поради здравствени причини, бројот на избирачи кои ќе присуствуваат на гласањето останува рекорден.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот