Бог на жените им дал посебна задача и со причина нѐ сoздал такви какви што сме. Дали некогаш сте се запрашале зошто Бог ве создал токму како жена?
Не треба да ја читате книгата Битие за да видите дека Бог го создал мажот и жената. Но дали некогаш сте се запрашале зошто ве создал вас како жена, а не како маж?
Живееме во време кога е можно да се промени полот како кечап или сенф, кога мажите се облекуваат како жени, а жените како мажи. Во криза сме на идентитетот и време е да дознаете зошто Бог ве создал како такви.
Како контрацепциската индустрија го уништува женското тело и дел од нејзиното срце?
Бог го создал вашето женско срце да може да дава и да прима вистинска љубов. Сепак, зошто секојдневно вашето срце се крши заради културата која е слепа за вашето незаменливо достоинство? Да погледнеме само како контрацепциската индустрија го уништува, не само женското тело, туку и дел од нејзиното срце. (…)
Нашата приказна започнува во Едемската градина, каде не постојат блудни измами и единствен јазик е самата Љубов.
Да се потсетиме на приказната. Сатоната оди кај Ева, не кај Адам. Забележете како жената е посебна мета на ѓаволот уште од самите почетоци на создавањето. Сатоната го сака падот на Ева поради својата горделива љубомора. Ева е огледало на Божјата креативна убавина. Ева не е само поубава од Луцифер, туку има и моќ да дава живот. Луцифер сигурно те мрази тебе и сите жени, посебно затоа што Спасителот е роден од жена. Жените се се закана за сатаната, за неговата мисија на уништување на животот.
Мислам дека со сигурност можеме да кажеме дека сатаната е пресреќен со нашата култура на смрт. Жените уште од првиот гриз на јаболкото поверувале во неговата лага, која уништува живот. Погледнете како жените гледаат на бременоста: болест која треба да се избегне на сите начини и со сите можни средства. Жените се хранат со оваа култура на смрт и затоа повеќе ја прифаќаат лажната љубов, отколку вистинската љубов.
Нашата моментална криза на идентитетот влече корени од Едемската градина. Ева во градината го повикала Адам во неговата смрт, а не во подобар живот. Меѓутоа, ниту Адам, кој стоел покрај Ева, не е невин. Во градината е Адам, наместо да ја зазема својата заштитничка улога, пасивно дозволил на Ева двајцата да ги посрами, наместо да ги прослави.
Од приказната за падот сфаќаме дека кога жената и мажот престануваат да бидат она што би требало да бидат, престануваат да зборуваат со јазикот на самата Љубов, а тоа е Бог. Адам и Ева го отстраниле Бога од центарот на својот однос и во тој момент сфатиле дека се голи, па почувствувале срам. Во тој момент се прогонети од рајот. И ние исто така секојдневно паѓаме, кога ја отстрануваме Љубовта од нашите патишта и Него го заменуваме со фалсификат.
Похотта настојува да земе, додека љубовта настојува да даде
Жени, создадени сме за да ја даваме и примаме вистинската љубов. Похотта, било да сме нејзин објект или нејзина посакувана причина, секогаш го уништува нашето срце. Тоа е како кога ставате погрешно гориво во вашиот автомобил. Автомобилот може да се вози неколку стотина километри, но сигурно, подоцна ќе се расипе. Запомнете го ова: похотта настојува да земе, додека љубовта настојува да даде. Похотта е себична, додека љубовта е несебична. Похотта е неконтролирана желба, додека љубовта е контролирана одлука.
Бог од љубов го испратил својот единороден Син за да ја откупи нашата женственост. Ве предизвикувам да го ставите Бог во центарот на сите ваши односи за да биде Љубовта прегрната како единствен вистински и достоинствен јазик помеѓу мажите и жените.
„(…) Машко и женско ги создаде (…) И виде Бог дека е многу добро сè она што го беше создал.“ (Битие 1, 27 – 31)
Жена врсна/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк