Бог го создал човекот и го создал и бракот – и на оваа подрачје треба да се следат „упатствата од производителот“. Прочитајте ги размислувањата за бракот, врз основа на Светото Писмо.
Создавањето на човекот
За создавањето на светот и човекот Светото Писмо ни зборува во првите две страници, во првите две глави од својата прва книга, Книга Битие. Описот на создавањето покажува каква природа има бракот и како Бог го создал. Зошто е тоа важно? Секоја споредба е недоволна, а тоа посебно важи кога се зборува за Бог, но една едноставна споредба може сепак да ни помогне.
Кога купуваме некој апарат за домакинството или некое парче облека, го добиваме упатството од производителот како треба да се користи. Не можеме да кажеме: „Оваа облека е моја и јас можам да правам што сакам со неа!“ Ако таа облека ја переме на температура поголема од онаа на која што ја пишува во упатството од производителот – ќе ја оштетиме или уништиме. Бог го создал човекот и го создал и бракот – и на оваа подрачје треба да се следат „упатствата од производителот“.
„Според Нашиот образ и подобие“
Веќе во првиот опис на создавањето Светото Писмо ни вели дека Бог го создал човекот „според Нашиот образ и подобие“. Тој факт посебно се нагласува затоа што тој израз во две реченици се повторува дури четири пати (Битие 1, 26 – 27). Што тоа значи? Човекот секако дека не е Бог, тој е само создание. Тогаш во што е тој сличен на Бога? Човекот е бесмртен, тој нема минливо траење како сите останати созданија за кои се зборува во описот на создавањето. Тој е „жива душа“ (Битие 2, 8). Неговиот живот има почеток но, нема крај, тој не престанува со смртта.
Исто така, за разлика од другите созданија за кои се зборува во описот на создавањето, човекот има разум и слободна волја. Поради тоа тој е личност. Бидејќи е личност, може да стапи во личен однос со други личности. Во контекст на нашата тема, може да стапи во однос со друга личност во брак, во најблиска лична врска, како што ќе видиме подоцна. Може да стапи и во личен однос со Бог, кој исто така е личност.
„Машко и женско ги создаде“
Во првиот опис за создавањето, Светото Писмо нагласува дека Бог го создал човекот: „Машко и женско ги создаде“ (Битие 1, 27). Разликата помеѓу половите е многу важна за човекот. Многумина погрешно мислат дека ако мажот и жената се различни тоа би значело дека е некој помалку, а некој повеќе вреден. Светото Писмо јасно нѐ учи дека и мажот и жената се еднакви по својата природа и во Божјите очи. Еднакво вредни, но не исти!
Во другиот опис на создавањето, Светото Писмо, опишувајќи го создавањето на жената, вели: „Не е добро за човекот да биде сам; да му создадеме помошник, сличен на него! “ (1Мој 2, 18). Како тој опис во Светото Писмо вели, таа помош не може да биде создадние која не е личност. Уште помалку некои предмети. Потребно е друго човечко битие, друга личност. Токму затоа што мажот и жената се различни, тие можат и мораат да се надополнуваат.
„Обата ќе бидат едно тело“
Светото Писмо во описот на создавањето нагласува дека Бог го создал светот така што брачната врска да биде посилна од сите други врски помеѓу луѓето: „Затоа ќе го остави човекот таткото свој и мајката своја и ќе се прилепи кон жената своја; и обата ќе бидат едно тело “ (1Мој 2, 24). Така, врската помеѓу мажот и жената е посилна и од онаа на крвното сродство, од врската помеѓу родителите и децата.
Зборот „едно тело“ јасно асоцира на брачното соединување на мажот и жената, но, укажува и трајност на нивната врска. Да спомнеме и дека во католичката терминологија сексуалниот однос се нарекува уште и „брачен однос“. Ќе се праша некој зошто брачен чин, кога може да се врши и надвор од бракот. Овде се враќаме на споредбата за упатството од производителот кој го спомнавме на почетокот. Сексуалниот чин Бог го создал да се врши единствено во бракот. И столчето се нарекува столче иако со него може да се прават и други работи, а не само да се седи на него: можат да се кршат прозорци, може дури и глава да се скрши… меѓутоа, столчето се нарекува столче затоа што производителот го направил за на него да може да се седи.
Прва заповед
Која е првата заповед во Светото Писмо? Многу луѓе нема да знаат да одговорат на оваа прашање. Уште на првата страница на Светото Писмото, во првиот опис пишува: „Плодете се, и множете се, и наполнете ја земјата, и господарете над неа.“ (1Мој 1, 28) Овде гледаме не само прв благослов на бракот, туку и заповед за плодна брачна љубов.
Светото Писмо на многу места нагласува дека децата се Божји дар и благослов, а бројното потомство дека е Божји благослов. Црквата секогаш ја нагласува важноста за отвореност на брачниот пар кон плодност. Стариот Завет опишува како Бог го казнува со смрт Онан поради тоа што од себични причини избегнува да има деца со Тамара (5. Мој 38, 9 – 10).
Една од десетте заповеди
Десетте Божји заповеди, чија трајна вредност Исус јасно ја потврдува, се наоѓаат во двете книги на Стариот Завет, во Втора книга Мојсеева и во Книгата на Повторениот закон. Една од нив во својата изворна формулација гласи: „Не врши прељуба!“ (2. Мој 20, 14 и 5. Мој 5, 18).
Старозаветниот закон пропишувал смртни казни за прељуба: „Човекот кој што ќе направи прељуба со жената на својот сосед нека се казни со смрт – и прељубникот и прељубницата“. (3.Мој 20, 10) Осудата за прељубата се наоѓа во многу текстови на Стариот Завет. Прељубата се осудува како тежок грев и како неразумна постапка: „Неразумен е, така, оној кој се впушта со прељубница; душата своја ја губи оној што така прави“. (Изреки 6, 32) Впрочем, секој грев е неразумна постапка.
Споредба на прељубата со отпаѓањето од Бог
На бројни места во многу книги од Стариот Завет прељубата се споредува со отпаѓање од Бог, неверство кон Бог. Ќе наведеме како пример само две такви места. „Откако умре Гедеон, Израилевите синови пак почнаа да одат блудно по Вааловци и го поставија за свој бог Ваалверита“ (Суд. 8, 33). „Но кога згрешија против Бога на татковците свои и почнаа да одат блудно по боговите на народите во таа земја, кои Бог ги беше изгонил од пред лицето нивно,…“ (1 Лет. 5, 25).
Најостар пример донесува во својата книга пророкот Осија. Од многу пророци Бог барал волјата Божја да ја проповеда не само со зборови, туку и со одредени постапки. Осија на Бог му рекол: „Оди и земи жена блудница, па роди деца во блудство; зашто оваа земја многу блудствува, откако отстапи од Господа.“ (Осија 1, 2). После од него барал да истрае во верноста на жената која не била верна: „Потоа Господ ми рече: Оди и засакај ја жената, која ги сака злото и прељубата, како што Господ ги сака синовите Израилеви, а тие гледаат по туѓи богови и ги сакаат нивните питки од грозје“ (Осија 3, 1) Спротивно од неверството на својот избран народ Бог истрајува во својата верност и покрај сѐ.
Од Стариот кон Новиот Завет
Повторно создавањето ни зборува за тоа како Бог го создал бракот и човекот, што се сами по себе своја природа. Овие вистини имаат трајна вредност. Меѓутоа, после гревот на Адам и Ева луѓето станале склони кон грев, уште во зачнувањето го наследуваат источниот грев. Во историјата на спасението Бог постепено ги поучувал и ги воспитувал луѓето во еден долг временски период од околу 2 милениуми од Авраам па сѐ до Исусовото време.
Затоа во Стариот Завет има многу работи кои имале само привремена важност. Меѓутоа, има и вистини и заповеди кои не завршуваат. Самиот Исус подоцна и Црквата укажуваат на разликата помеѓу едниот и другиот. Ние во овој дел го ставивме акцентот на она што е во Стариот Завет трајно и непоминливо.
Жена Врсна/к.мк