Жената е важна за општествениот и црковниот живот

Жената е важна за општествениот и црковниот живот

Примајќи ги во аудиенција на 9 јуни 2017 година учесниците на генералното собрание на Папскиот совет за меѓурелигиски дијалог, Папата рече дека жените треба да бидат присутни во различните области на животот, за да дадат свој придонес за единството на човечкиот род, надминувајќи ја културата на отрфлање.

Жените треба да бидат присутни во различните области на животот, за да дадат свој придонес за единството на човечкиот род, надминувајќи ја културата на отрфлање – истакна папата Фрањо среќавајќи се во Ватикан со учесниците на генералното собрание на Папскиот совет за меѓурелигиски дијалог, кој овие денови се собрани и дебатираат на тема „Улогата на жената во воспитувањето за општо братство.“ Жените со нивните дарови и способности, но и мажите, предупреди Папата треба да одат заедно кон дијалогот.

Денес од било кога е потребно жените да бидат присутни во општествениот, економскиот, политичкиот, националниот, меѓународниот и црковниот живот. Со тоа тврдење кажано по повод генералното собрание на Папскиот совет за меѓурелигиски дијалог, Папата сака повторно да ја истакне важноста на жената во воспитувањето за општо братство, и тоа во свет во кој се засенува и погодува нејзиното достоинство, правејќи ја често жртва на злоупотреба и насилство.

Имено, жените, па дури и децата се меѓу најчестите жртви на слепото насилство. Таму каде преовладува омразата и насилство, тие ги уништуваат семејствата и општествата, спречувајќи ги жените, во заедничките намери на делувањето со мажите, мирно и делотворно да го извршуваат своето послание на воспитувачки – рече Папата.

Првиот чекор кон поправедно и побратско општество – според мислењето на Папата – е вреднувањето на улогата на жената, исто така по пат на правни средства, така што своите дарови во целост ќе можат да ги пренесуваат на целата заедница, и да придонесуваат за единство на човечкиот род.

Станува збор за тоа да се зголеми просторот на делотворно присуство на жената. Многу жени кои во секојдневните обврски, кои што ги извршуваат пожртвувано и совесно, а понекогаш и со херојска храброст, својот женски гениј и своите скапоцени карактеристики ги вложуваат во најразлични, посебни и стручни способности, со вистинско искуство на мајки и воспитувачки – рече папата Фрањо.

Светиот Отец исто така инсистира на повикот на братство, вродено во жените и способно да направи да се родат и развијат нови начини за прифаќање и взаемно почитување. Важен е овде придонесот на жената во воспитното подрачје – е мислењето на папата Фрањо – и тоа не исклучиво како мајка, туку заради начинот на кој се однесува воопшто кон човечкиот живот.

На тој начин жените длабоко поврзани со таинството на животот, можат многу да направат во промовирањето на духот на братството, и тоа со својата грижа за сочувување на животот и своето уверување дека љубовта е единствената сила која светот може да го направи добар за животот на сите луѓе. Всушност – истакна Светиот Отец – жените често се единствените кои ги придружуваат другите, најмногу оние кои се во семејството и во општеството најслаби, како и жртвите на конфликтите и оние кои мора да се соочуваат со секојдневните предизвици.

Врз основа на тоа, за да се изгради општо братство, потребен е дијалог, и градење на пријателски врски полни со почит. И во тоа често жената е поангажирана од мажите на меѓурелигиското подрачје, на ниво на „дијалог на животот,“ придонесувајќи така за подобро разбирање на предизвиците типични за мултикултурната реалност.

Но, жените можат – според зборовите на Папата – целосно да се вклучат во разбирањето на нивното верско искуство, како и на теолошко ниво. Многу жени се добро подготвени за средби со меѓурелигиски дијалог на највисоки нивоа, и тоа не само од католичка страна. Тоа значи дека придонесот на жената не треба да се ограничува на „женски“ теми, или на средбите на самите жени. Дијалогот е пат кој мажот и жената треба да го поминат заедно – истакна папата Фрањо.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот