Епископот Стојанов упати телеграма со сочувство по повод смртта на г-дин Емануеле Ферарио

Епископот Стојанов упати телеграма со сочувство по повод смртта на г-дин Емануеле Ферарио

Повод смртта на г-дин Емануеле Ферарио, основач на Светското семејство на Радио Марија, монс. д-р Киро Стоанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх упати телеграма со сочувство до претседателот на Светското семејство на Радио Марија Виторио Викарди, како и до семејството на покојниот Ферарио.

„Прифаќајќи ја со вера веста за смртта на господин Емануеле Ферарио, ви изразуваме сочувство вам и на неговото семејство“ – пишува епископот Стојанов.

Во телеграмата епископот Стојанов ги истакнува неговите пријателски врски со Црквата во Македонија, а се осврнува и на неговите напори за основање на Радио Марија во Македонија.

„Господ нека му даде вечен живот и богато нека го награди за сите негови дела во заедничките напори со Богородица на нивата Божја“ – стои во телеграмата со сочувство на епископот Стојанов упатена до претседателот на Светското семејство на Радио Марија, г-дин Виторио Викарди.

Емануеле Ферарио, основач на Радио Марија, почина на 8 јули во 90 година од животот. Италијанскиот претприемач Емануеле Ферарио го основа во 1998 година Светското семејство на Радио Марија со седиште во Комо – Италија. Таму петнаесет години порано било создадено првото локално Радио Марија. Ферарио со основањето на Светското семејство сакал да ги поврзи Радио Марија кои во меѓувреме се отвориле во целиот свет и воедно да одговори на повикот на папата Иван Павле II на нова евангелизација.

Светата Литургија за покојниот и погребот ќе се служи во сабота 11 јули 2020 година во парохиската црква Света Марија во Ерба, а ќе го предводи фра Марко Ферарио, внук на покојниот, во сослужение на монсињор Анџело Пировано, парох од Ерба.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот