Епископот Стојанов се сретна со директорот на Радио Марија

Епископот Стојанов се сретна со директорот на Радио Марија

На 25 септември 2020 година во епископската резиденција во Скопје, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх, монс. д-р Киро Стојанов, оствари средба со директорот на Радио Марија, о. Гоце Костов.

Епископот Стојанов ја истакна важноста на медимуите во денешното општество при што го цитираше папата Фрањо „дека информацијата кога е квалитетна овозможува подобро да се разберат проблемите и предизвиците со кои светот мора да се соочи, а поттикнува на одредени однесувања. Освен, тоа, христијанските медиуми треба да даваат квалитетна информација за животот на Црквата во светот.“

На средбата е разговаранo за тековните активности на радиото, како и за работата и реализaцијата на програмата во услови на пандемијата. Директорот на радиото го информираше епископот Стојанов за плановите и предвидените активности.

На крајот од средбата епископот Стојанов упати благослов до вработените, волонтерите, слушателите и донаторите на Радио Марија.

Радио Марија е пвро верско радио во Македонија кое емитува програма територијата на општина Струмица на брановите 106,50 MHz, а може да се слуша и преку интернет на www.radiomarija.mk, како и на андроид апликацијата на Радио Марија Македонија.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот