Епископот Стојанов на празникот на Светото семејство служеше света архиерејска Литургија во Радово
На празникот собор на Пресвета Богородица и Светот семејство, 8 јануари 2025 година, Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов служеше света архиерејска Литургија во парохиската црква „Свети пророк Илија“ во Радово. На евхаристиското славење со епископот сослужуваа парохот отец Илија Стојанов и парохискиот викар отец Атанас Сирачев.
Во проповедта епископот Стојанов најпрво ги поздрави присутните верници, честитајќи им го празникот Рождество Христово, а потоа се осврна на празникот Свето семејство, кое и денес останува да биде пример за бројни христијански семејства. Во вториот дел од проповедта зборуваше за Јубилејната година како и за милостите кои може да се добијат преку неа.
Парохот отец Илија Стојанов се заблагодари на владиката за светата Литургија, која ја служеше, како и за сите молитви, поуки и благослови што ги сподели со верниците.
На крајот од свеченоста следуваше претстава на децата и младите од веронаучните групи во парохијата.
к.мк