Духовни вежби за сестрите Евхаристинки

Духовни вежби за сестрите Евхаристинки

Од 8 до 13 мај 2017 година во сестринската куќа во парохијата „Свети Пророк Илија“ во Радово се одржаа Духовни вежби за сестрите Евхаристинки од македонската провинција „Божја провидност“, кои беа предводени од духовникот во Врхбосанската богословија во Сараево дон Јаков Кајиниќ.

Темата на овогодинешните духовни вежби беше „Вечна е љубовта Негова“, а водителот на духовните вежби дон Јаков во своите размислувања говореше за Божјата љубов која се покажа во Исус Христос; исто така израз на таа голема љубов е и во Блажена Дева Марија, но исто така упати размислувања преку медитации и проповеди со присутните за дарот на бесплатната Божја љубов.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот