Во четврток 27 декемри 2018 година во просториите на парохијата „Успение на Пресвета Богордица – Нова Маала се одржа духовна обнова за свештениците од Струмичко – скопската епархија. На средбата присустуваше и Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов.
Предавањето го одржа протереј – ставрофор о. Марјан Ристов, кој зборуваше на тема: „Верата во свештеничкиот живот“.
Духовната обнова продолжи со света Исповед и света Литургија, која ја предводеше епископот Стојанов, а заврши со заедништво во парохиската сала.
Ватикан њуз/к.мк