Драстичен пораст на сиромаштвото во Либан

Драстичен пораст на сиромаштвото во Либан

Меѓу организациите кои во Либан помагаат на оние во потреба посебно после разорната експлозија во Бејрут е и Суверениот витешки малтешки ред кој води повеќе мобилни амбуланти на кризните подрачја.

Либанскиот огранок заедно со меѓународниот сојуз „Malteser International“ настојуваат да помогнат на терен, но истанува дека веќе тешката состојба во земјата значително ја влоши уништувањето во Бејрут. Пред сè недостасуваат лекови и средства за борба против ширењето на пандемијата од коронавирусот, истакнува Оливер Хочедез од „Malteser International“, додавајќи дека сега станува збор само за преживување. Треба да помогнеме и на трауматизираните жртви во либанскиот град „кои стојат пред своите разрушени домови и не знаат како понатаму“, истакнува Хочедез: „За да им се понуди перспектива на луѓето  и да им се загарантира преживување неопходен е заеднички напор, срества неопходни за пружење на грижа и стручна помош на теренот. Сето тоа може да се обезбеди само со донации.“

Либанскиот огранок на малтешкиот ред делува од 1981 година, води многу медицински и социјални центри во кои ангажира мноштво млади волонтери. Од 2014 година организирано им помага на сириски бегалци во Либан.

Обединетите нации предупредуваат дека експлозијата во Бејрут, секојдневниот рекорден број на новозаразени од коронавирусот и целосно исцрпената економија предизвикаа невиден пораст на бројот на сиромашните во таа блискоисточна земја. Се проценува дека сиромаштвото е повеќе од 55% од либанското население, двојно повеже од изминатите години се наведува во апелот за солидарност кој на 19 август ја објави Економската и социјална комисија на Обединетите нации за западна Азија. (…)

Ика/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот