Денес започнуваме со месецот кој во Црквата посебно е посветен на молитвата Света Бројаница. Сите сме повикани почесто да молиме Бројаницата овој месец.
Затоа сакам со вас да размислувам и да ве охрабрам да донесеме една одлука. Денес е први октомври и поканети сме да започнеме. Ајде сега да донесеме одлука да молиме Бројаница секој ден во овој месец. Но про тоа да мислиме на нашата одлука од ден на ден.
Воопшто не вели дека ќе молиш секој ден света Бројаница. Но, секој ден кажете си: Денес ќе молам Бројаница! На тој начин ќе имате повеќе сила и подобар фокус на вашата цел. Големите цели секогаш се постигнуваат чекор по чекор. И за да ја донесете таа одлука и да биде навистина цврста, предлагам да испланирате уште сега кога ќе ја молите Бројаницата во вашиот ден (а потоа секој ден за утре) – можеби наутро за да не ви пречат обврските, или после работа, наместо некоја серијата … Тоа ќе ви помогне да издржите во својата одлука и секој ден да молиш Бројаница.
Да бидеме искрени, за сѐ што е важно во животот имаме барем грубо дефиниран и планиран термин: термин за утакмица, серија, кафе со пријателите и соседите, тренинг, одење на лекар, во кино итн. Ги одредуваме и планираме нашите денови со термини. Сега да го додадеме нашиот термин за Бројаница. Да закажеме средба со Марија, кога ќе се сретнеме со неа и нејзиниот Син. Да речеме: „Тогаш и тогаш, во толку и толку имам средба со Бог и Марија преку Бројаницата!” И тогаш ништо да не ни е поважно. Кога ќе дојде тој момент на благодат, радосно оставаме сѐ и ја земаме Бројаницата во раце.
Ова сигурно ќе ни помогне да молиме Бројаница секој ден, но исто така и да не заборавиме дека Бројаницата не е здодевно набројување и повторување на молитви, туку вистинска средба со Бога и Марија! Зарем има нешто поголемо од тоа?!
Ако имаш пак навика да забораваш … во твојата борбена опрема спаѓа и алармот на вашиот мобилен телефон: наместете го алармот за Бројаницата и нека те потсети! Уживај во молитвата! Кажи: „Исусе и Марија, ве сакам и едвај чекам да ве сретнам!” Ова се милосни денови и подарено време на благодатта! И за крај Бројаницата не мора да ја молите сами, најдобро ако е возможно да молите со целото ваше семејство.
Поставете некоја икона на Богородица на масата. Запалете свеќа. И започнете… Ако пак имате мали деца, дадете им да држат и тие Бројаница во рацете, иако можеби не знаат уште добро да зборуваат. Тие сепак ќе упатат до Богородица молитва од срцето и нека не ви пречи ако започнат да галамат или да се шетаат наоколу. Таква е нивната молитва. Богородица ги разбира.
Totus Tuus/адаптација: к.мк