Донација од Католичката црква за поплавените
Католичката црква во Македонија се приклучи во акцијата за помош на најпогоденото население од поплавите што ја зафатија Македонија. По тој повод на 24 февруари Македонски Каритас, хуманитарна организација на Католичката црква во соработка со католичките парохии од Апостолскиот егзархат во Македонија и Скопска бискупија донираа облека, обувки и постелина на Црквен Крст Струмица.
Акцијата се реализира по повик на Католичката црква во Македонија, во која беа вклучени парохиите од Апостолскиот егзархат во Македонија и Скопска бискупија.
к.мк/го*ко
Категорија:
Македонија