Скопскиот бискуп и апостолски егзарх монс. д-р Киро Стојанов за нов директор на Македонски Каритас го именува дон Паво Шекерија, кој е и воедно парох при парохија „Пресвето Срце Исусово“ во Битола.
Во Скопје на 10 ноември 2017 во зградата на Македонски Каритас беше завршено примопредавањето помеѓу досегашниот директор монс. Антун Циримотиќ и новоименуваниот директор дон Паво Шекерија. На примопредавањето присуствуваа бискупските делегати о. Марјан Ристов, канцелар и скопскиот декан дон Давор Топиќ.
Дон Паво Шекерија е свештеник на Врхбосанската надбискупија, кој делува како мисионер во Скопската бискупија.
к.мк